Дионте Вајлдер по поразот од Тајсон Фјури, во борбата за појасот во верзијата ВБЦ, заврши во болница.
Британскиот боксер го нокаутираше Вајлдер во 11.рунда.
Лекарите констатирале дека Вајлдер има фрактура на раката. По неколку часа тој бил отпуштен од болницата во Лас Вегас.
„Ги направивме сите потребни прегледи. Докторите констатираа дека има фрактура на дланката. Сега пред Дионте е долг период на рехабилитација и период во кој нема да разговараме за боксот“, рекол неговиот тренер, Малик Скот.
Вчерашната борба беше трета од „серијалот“, Фјури против Вајлдер. Првиот меч заврши нерешено, а вториот и третиот му припаднаа на Фјури.