Дионтеј Вајлдер повтори дека Тајсон Фјури мамел во нивниот римеч, тврдејќи дека му ставиле нешто во неговата вода пред мечот и го повика британскиот шампион да биде маж и да му даде трет меч.
„Брознениот бомбардер“ се јави по месеци тишина и го повтори тврдењето дека неговиот ривал криел работи во неговите ракавици, по што додаде дека во неговата вода имало „опуштувач на мускули“.
„На 15 минути пред мечот, се загревав со ракавиците и беше совршено. Додека не пристигнав во рингот. Таа трансформација беше чудна. Пиев чиста вода, се обидував да останам хидриран… Ставија нешто во водата сигурно. Некои работи не беа на место. Немав контрола на телото, нозете ми беа слаби“, вели Вајлдер.
Американецот минатиот месец се раздели со својот тренер Марк Бреланд, кого го обвини дека е дел од „местенката“, откако тој го прекина мечот со фрлање пешкир во седмата рунда.
„Тој знаеше дека јас нема да се предадам и имаше наредба да не го направи тоа. Некој од страната на Фјури му кажа да го фрли пешкирот бидејќи има римеч. Тој беше дел од местенката, бидејќи тој ми ја даваше водата. Имам извори за тоа“, објаснува боксерот.