Иако признава дека е поразен првпат во својата кариера, Дионтеј Вајлдер смета дека луѓето од неговиот агол згрешиле што го „фрлиле пешкирот“ во седмата рунда од пресметката со Тајсон Фјури, сметајќи дека како воин требал да си замине „на штитот“.
Фјури претходно двапати го праќаше Американецот во нокдаун, пред по низата удари во седмата рунда, неговиот тренер да побара прекин на мечот. Шампионот вели дека тоа е грешка.
„Сакав мојот тим да ме остави во рингот. Јас сум воин, ова е тоа што го правам“, изјави Вајлдер по најголемиот ќотек кој го добил во рингот. Денеска победи најдобриот човек и тоа е тоа. Немам изговори. Ќе се вратам многу посилен. Најдобрите мораат да боксуваат со најдобрите“, изјави Вајлдер.
Мала утеха за Американецот се гарантираните 25 милиони долари (колку што доби и Фјури) и потенцијално повеќе пари од пеј-пер-вју гледањата. Покрај тоа, во договорот за меч со Фјури има и клаузула за трет меч меѓу нив двајца, кој најверојатно ќе биде искористен.
“I just wish that my corner would’ve let me go out on my shield. I’m a warrior. That’s what I do.”
Deontay Wilder after losing to Tyson Fury. #WilderFury2 pic.twitter.com/5QpChJgjK8
— ESPN (@espn) February 23, 2020