Top Sport

Вајлдер: Очекувам Тајсон Фјури пак да мами со ракавиците

„Бронзениот бомбардер“ Дионтеј Вајлдер ја продолжи војната на зборови со Тајсон Фјури, тврдејќи дека неговиот ривал повторно ќе мами на 24 јули во третиот меѓусебен меч на двајцата тешкаши

Вајлдер ја загуби ВБЦ титулата во тешка категорија во февруари 2020, откако беше совладан од Фјури во прв професионален пораз во кариерата. И покрај тоа што беше декласиран со нокаут во седмата рунда, Вајлдер постојано тврди дека Фјури мамел со нелегални ракавици, со турање на супстанции во неговата вода, и сега го повторува тоа.

„Мислите дека ќе се откаже од мамење овојпат? Мислам дека имаат добар план и дека работат на тоа. Но, знаете, и со такви ракавици и во тие услови под кои боксував тој не ме фати. Не ме нокаутираше“, вели Вајлдер.

Вајлдер исто така го отпушти својот поранешен тренер Марк Бреланд, тврдејќи дека тој му уфрлил супстанции во неговата вода и дека го фрлил пешкирот во рингот во знак на предавање иако немал такви упатства.

Scroll to Top