Дионтеј Вајлдер е подготвен за пресметката со Бермејн Стиверн, и во исто време се нарече „најстрашниот боксер“ на денешницата повикувајќи го британскиот шампион Ентони Џошуа на иден дуел
Вајлдер, со прекарот „Бронзениот бомбардер“ ќе боксува со Стиверн во сабота навечер во Бруклин, во меч во кој ќе се обиде да ја зацементира својата позиција на еден од најдобрите тешкаши за титулата. ВБЦ шампионот не штедеше зборови пред мечот, оценувајќи се како „најдобриот“ и „најлошиот“ тешкаш со скор кој зборува сам за себе.
„Сè што сакам да докажам на светот е дека сум најдобриот, најлошиот, најцврстиот и најстрашниот тешкаш во историјата. Мојот скор зборува сам за себе“, изјави Вајлдер.
Вајлдер веќе боксуваше со Стиверн во јануари, победувајќи го противникот на поени, во единствен од неговите 38 професионални мечеви кој не заврши со нокаут и Американецот сака да го поправи тој овој викенд пред своите фанови.
„Овој појас не оди никаде. Јас сум човекот што ќе ја обединам тешката категорија“, додава Вајлдер.
Доколку го совлада лесно Стиверн, 32-годишниот Вајлдер ќе биде многу блиску до меч со Дилијан Вајт, или со носителот на другите појаси во тешка категорија, Британецот Ентони Џошуа, кој минатиот викенд го совлада Карлос Такам во Кардиф.
Тој сега има опција да боксува со својот британски сонародник Тајсон Фјури, кој најави кам-бек во 2018 година, но дуел со Вајлдер би бил побогат, посебно ако се случува во Лас Вегас.
„На боксот му е потребен мечот Џошуа-Вајлдер“, изјави Џошуа по нокаутот над Такам.