Top Sport

Вајт и Конор се сигурни – следува римеч со Хабиб

По нокаутот на Конор Мекгрегор над Доналд Серон, најрадосен покрај Ирецот секако беше претседателот на УФЦ, Дејна Вајт, кој веднаш најави дека следува римеч со Хабиб Нурмагомедов, додека самиот Конор изјави дека е подготвен да патува во Москва за да се договори овој мега-меч.

Мекгрегор на најдобар можен начин го избриша сеќавањето од поразот од Хабиб во 2018 година и не ја криеше желбата за одмазда против Дагестанецот.

„Ја сакам Русија, го сакам рускиот народ. Бев во Москва неодамна, тоа е толку голема нација која е страствена за ММА. Исто така го поддржаа моето виски, а тие знаат што е добра течност. Евај чекам да одам таму пак. Знам дека Дејна би сакал меч во Вегас, бидејќи ова е неговиот дом, но мене ми е важно само да има спектакл“, изјави Мекгрегор.

Шефот на УФЦ, Дејна Вајт вели дека не би сакал Мекгрегор да влезе во откагонот со Хорхе Масвидал туку дека сега се чека на Нурмагомедов, кој се бори со Тони Фергусон во Њујорк во април.

„Секогаш има некој кој сака да се мери со Конор. Најмногу смисла има мечот со Хабиб, бидејќи таму имаше многу лични работи, многу опсесија. Знам дека едвај чека ри-меч. Но, ако го погледнете Хабиб, тој има 28-0 во овој спорт, што е многу тешко. Дуелот би бил како Али-Формен или Али-Фрејзер. Голем меч со глобално влијание. Тоа е меч кој има смисла“, вели Вајт.

Scroll to Top