Top Sport

Вајт: Мислам дека Хабиб ќе ја прекине пензијата

Хабиб Нурмагомедов по победата над Џастин Гејџи објави крај на кариерата. Против Гејџи, борецот од Дагестан ја забележа 29 победа, во исто толку борби.

„Ког од УФЦ ме повикаа за оваа борба три дена разговарав со мојата мајка и ветив дека ова ќе биде мојата последна борба. Ветив и ветувањето треба да го исполнам. Ова беше мојата последна борба“, изјави Нурмагомедов по борбата.

Сепак, првиот човек на УФЦ Дејна Вајт верува дека Нурмагомедов ќе се врати во октагонот.

„Јас разговaрав со него. Кога заврши борбата беше преплавен од емоциите. Имам чувство дека ќе сака да има 30:0 во кариерата“, рекол Вајт.

„Неговиот татко сакаше неговиот син да ја заврши кариерата со 30:0. Мислам дека Хабиб ќе сака да му ја исполни желбата“, открил Вајт.

Таткото на Хабиб Нурмагомедов почина во јули.

Scroll to Top