Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт беше шокиран кога дозна дека нема да бидат дозволени нокаути на егзибицискиот меч помеѓу Мајк Тајсој и Рој Џонс Јуниор во сабота.
Легендарните боксери, кои заедно имаат 105 мечеви, се враќаат во рингот за меч во осум рунди на 28 ноември во Калифорнија и Вајт беше запрашан на кого би се обложил, по што беше изненаден од правилото дека нема да има нокаути поради возраста на двајцата боксери.
„Нема нокаути? Не им е дозволено да се нокаутираат? Како ќе го изведат тоа? Сакам да се обложам дека тоа нема да се случи. Не смееш да се обложуваш на овој меч? Навистина бизарно, не знам што да кажам“, изјави Вајт.
Саботниот меч ќе привлече огромно внимание од носталгичните боксерски фанови кои се сеќаваат на славните денови на двајцата боксери, но останува да се види дали ќе се остварат очекувањата.
#UFC president @DanaWhite was TOTALLY out of the loop on the rules of upcoming #TysonJones fight next week. ?
Watch full interview: https://t.co/Xb7hSEQ0Or pic.twitter.com/dNdsKFx0jW
— MMAFighting.com (@MMAFighting) November 22, 2020