Тепачка каква што немало во исторјата на НФЛ се случила меѓу играчите на Кливленд и Питсбург.
Финишот на мечот го обележал инцидентот во кој учествувале Мајлс Герет (Кливленд) и Мејсон Рудолф (Питсбург).
Играчот на Кливленд го нападнал противникот, го влечел за кацигата, која успеал да му ја извади од главата. Потоа продолжил да го удира со кацигата по главата.
Останатите играчи влетале во таа мешаница, но бил спречен уште поголем инцидент.