Камила Валиева, 15-годишната руската репрезентативка во уметничко лизгање е дел од скандалот кој допрва треба да добие разрешница. Тинејџерката која беше најзаслужна за златото што го освои Русија во екипна конкуренција, имала позитивен допинг тест пред почетокот на Зимските олимписки игри.
Руската анти-допинг агенција ја поништи суспензијата, а Судот за спортска арбитража и дозволи да се натпреварува. Сепак, доколку Валиева освои медал во поединечена конкуренција, медалите нема да бидат доделени, се додека случајот не биде решен.
Валиева на сослушувањето, пред Судот за спортска арбитража, се бранела со тврдењето дека по грешка го земала лекот за срце кој го користи нејзиниот дедо.
„Нејзиниот аргумент беше дека контаминацијата се случила по грешка“, рекол Денис Освалд, потпретседателот на Дисциплинската комисија на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК).
Претходно од ИОК соопштија дека допрва ќе се анализира Б-тестот на Валиева.