Top Sport

Ван Ерт со победа го зголеми водството на Тур де Франс

Белгиецот Вут ван Ерт триумфираше на 4. етапа на Тур де Франс од Данкирк до Кале во должина од 171.5 километри, со фантастичен напад на 10 километри пред крајот за да го зголеми водството во генерален пласман.

По трите последователни втори места во првите три етапи, Белгиецот, конечно, стигна до својата седма етапна победа на Тур де Франс, со осум секунди предност пред Данецот Јаспер Филипсен и Французинот Кристоф Лапорт.

„Овојпат не сакав да ризикувам да загубам во спринт. Беше очигледно дека сите се подготвуваат за спринт и затоа со мојот тим одевме на поинаква стратегија“, вели Ван Ерт.

27-годишниот Белгиец сега има 25 секунди предност пред сонародникот Ив Ламперт, додека актуелниот шампион и прв фаворит за титулата, Словенецот Тадеј Погачар е трет со 32 секуни заостанување. Петтата етапа ќе ги однесе велосипедистите од Лил до Аино, со 20 километри калдрма во делот на патеката каде што се вози класичната Париз-Рубе трка.

Scroll to Top