Top Sport

Вашингтон редскинс подготвени да го сменат „навредливото“ име

Откако беа под сè поголем притисок од спонзорите и од организациите на домородните Американци, газдата на НФЛ клубот Вашингтон редскинс (црвенокожци), Ден Снајдер призна дека ќе почне процедура за менување на името.

Снајдер, кој претходно стоеше на ставот дека нема да има промена на историското име, беше „омекнат“ по одлуката на спонзорот „Федекс“, кој го има право на името на стадионот во Мериленд каде што клубот игра, побара менување на навредливото име.

„Овој процес ќе дозволи да се земе во предвид нашата горда традиција и историја, но и мислењата на спонзорите, НФЛ, нашите фанови и поранешните играчи“, вели Снајдер.

Критичарите подолго време бараат промена на името, кое се смета за расна навреда за домородните Американци, а критиките се зголемија по смртта на Џорџ Флојд и протестите низ САД.

Scroll to Top