Ватерполисти на Црвена ѕвезда, попладнево, биле нападнати во Сплит. Хрватските медиуми објавија дека еден од ватерполистите добил неколку удари, а вториот се успеал да се спаси со скок во морето.
Петмина ги нападнале ватерполистите кои седеле во едно кафуле на крајбрежјето. Полицијата го потврдила инцидентот, со соопштение дека трага по напаѓачите.
Ватерполистите на Црвена ѕвезда вечерва играат натпревар против Морнар.