Top Sport

Ватерполо рекорд! Унгарија-Јужна Кореја 64:0!

Домаќините Јужна Кореја доживеаја бламажа во своето деби на Светското првенство во ватерполо, откако женската репрезентација доживеа историски 64:0 пораз од Унгарија.

Корејките беа апсолутно уништени во секој сегмент од играта, а безмилосните Унгарки постигнаа 34 гола во првото и 30 во второто полувреме во мечот во Гвангџу.

Ова е рекорден резултат во ватерполо на Светските првенства, откако претходниот рекорд беше постигнат во саботата, кога Холандија ја победи Јужна Африка со 33:0.

Унгарките ги постигнаа своите 64 голови во 67 удари, што значи дека корејските голманки одбранија само три удари. Ребека Паркеш беше најефикасна со 11 голови, а сите 11 ватерполистки (освен голманката) постигнаа барем по еден гол.

Scroll to Top