Top Sport

Вавринка, конечно, со победа по мизерната серија

Стен Вавринка ги почна подготовките за Вимблдон со 6:2/6:3 победа над младиот Британец Камерон Мори во првото коло на Квинс Клаб турнирот во Лондон за да стави крај на лошата низ ана резултати.

Трикратниот гренд слем шампион се мачи со враќањето во форма откако минатата година мораше да оди на две операции на левото колено и пропушти голем дел од сезоната. 33-годишниот Швајцарец пристигна на елитниот турнир во Лондон со шест порази во последните седум мечеви, но беше солиден против Нори на подлога која никогаш не била негова омилена. Следен за него е поранешниот шампион, Американецот Сем Квери или Британецот Џеј Кларк.

Во друг мечеви од првото коло, ветеранот од Луксембург, Жил Милер со 7:6(7)/7:6(6) беше поупорен од канадскиот тинејџер Денис Шаповалов и сега ќе игра со Марин Чилиќ или Фернандо Вердаско во второто коло.

Енди Мареј и Новак Ѓоковиќ своите први мечеви на турнирот ги имаат утре.

Scroll to Top