Top Sport

Тајсон Фјури повторно во рингот на 18 август

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури ќе го има вториот меч по кам-бекот во рингот на „Виндзор парк“ во Белфаст на 18 август, против противник кој уште не е потврден.

Фјури го доби првиот меч по долгата пауза против Сефер Сефери овој месец, но борбата според многубима беше вистинска фарса со малку бокс и неговиот противник се повлече по неколку рунди.

„Кралот на циганите“ најави дека крајната цел е да се вратат титулите во тешка категорија кои ги одзеде од Владимир Кличко во 2015 година, но за тоа ќе треба да победи малку подобри противници за да добие шанса против сонародникот Ентони Џошуа или Американецот Дионтеј Вајлдер.

Фјури се врати со победа против гостиварецот Сефери (Видео)

Scroll to Top