Швајцарецот Стан Вавринка е елиминира во првото коло на турнирот во Вашингтон. Вавринка, поради лошиот рејтинг (198.место на АТП листата) на турнирот влезе во вајлд карта.
Доналд Јанг, во моментов 234. во светот, за два часа и 23 минути игра го победи Вавринка со 6:4, 6:7, 7:6.
Еден брејк му беше доволен на Јанг да го добие првиот сет. Во вториот тенисерите ги добиваа своите сервис гемови, па решаваше тај-брејкот, по кој Швајцарецот израмни на 1:1.
По слично сценарио се одвиваше и решавачкиот сет, со таа разлика што сетот го освои Јанг.
Американецот во второто коло за противник ќе го има Јапонецот Кеи Нишикори.