Top Sport

Вавринка: Пад на моралните вредности во машкиот тенис

Трикратниот гренд слем шампион Стен Вавринка вели дека има „заговор“ да се смени Крис Кермоуд од челото на АТП турнејата, објаснувајќи дека има „загрижувачки пад во моралните стандарди“ во тенисот и додава дека „политиката го става спортот во втор план“.

Во отворено писмо во „Тајмс“, Швајцарецот зборуваше за случајот на Џастин Гимелстоб, поранешниот тенисер, тренер и ТВ-коментатор кој си даде оставка од бордот на директори на АТП турнејата откако беше обвинет за физички напад на свој поранешен пријател.

„Чувствувам дека морам да го искажам моето мислење на овој период за заборав во нашиот спорт. Оваа епизода остава голем број од тенисерите загрижени за насоката во која се движиме“, посочува Вавринка.

Тој додава дека има „заговор“ против Кермоуд, кој во март објави дека заминува по гласањето на бордот на директори. Рафаел Надал и Роџер Федерер беа меѓу тие кои го критикуваа овој потег и посебно Новак Ѓоковиќ, како претседател на советот на тенисери за тоа што тие не биле консултирани.

Федерер и Надал во „коалиција“ против Новак Ѓоковиќ

Scroll to Top