Top Sport

Датоме: Тешко е со Обрадовиќ, но и голем предизвик!

Кошаркарот на турски Фенербахче, Луиџи Датоме зборуваше за соработката со српскиот тренер, Жељко Обрадовиќ.

Италијанскиот кошаркар призна дека е подобар играч откако е под „диригентската палка“ на Србинот, иако во Истанбул стигна од НБА лигата.

„Обрадовиќ е една од главните причини зошто се вратив во Европа. Работата со него е неверојатно атрактивна и тоа ме привлече да дојдам во Фенербахче. За мене тоа е голем предизвик. Ми се допаѓа улогата која ми ја даде и драго ми е што веќе 5 години дава резултати“ – вели Датоме за италијанските медиуми.

Тој објасни и што најмногу му се допаѓа кај Обрадовиќ.

„Четирипати игравме на Ф4, еднаш го освоивме трофејот, а Жељко ги има дури 9 во Евролигата. Највпечатлива ми е неговата глад и желба за напредок. Некогаш е тешко, но многу корисно, ме направи подобар играч“ – вели Датоме.

Scroll to Top