Top Sport

ВБЦ му даде дозвола на Фјури да боксува со Џошуа за обединетата титула

Тајсон Фјури доби зелено светло од ВБЦ боксерската федерација за мечот за обединување на титулите во тешка категорија против Ентони Џошуа, но само доколку во декември има меч.

Фјури и Џошуа веќе се договорија за два меча во 2021 година, во кои ќе треба да се одлучи кој ќе биде првиот апсолутен шампион кај тешкашите по Ленокс Луис. Џошуа е носител на ВБО, ВБА и ИБФ појасите, додека Фјури го освои ВБЦ појасот со победата над Дионтеј Вајлдер во февруари.

Фјури ќе треба да ја има првата одбрана на појасот во „Ројал Алберт хол“ во Лондон на 5 декември, и иако противникот не е потврден, се верува дека се работи за Германецот Агит Кабајел, непоразениот европски шампион. Исто така во декември, Џошуа ќе треба да боксува со 39-годишниот Кубрат Пулев и ако двајцата ги минат тестовите тогаш се подготвени за меч.

Претседателот на ВБЦ, Маурисио Сулаиман потврди дека нема да инсистираат Фјури да боксува со задолжителниот предизвикувач, кој ќе се одлучи во римечот меѓу Александер Поветкин и Дилијан Вајт

Scroll to Top