Top Sport

Веќе нема шанси Ѓоковиќ да настапи на САД опен: Нема да можам да патувам за Њујорк

Освојувачот на 21 гренд слем титула, Новак Ѓоковиќ потврди дека нема да настапи на послениот гренд слем од сезоната, САД опен во Њујорк, откако Американците не ги сменија правилата за влез во државата за невакцинирани странци.

Србинот потврди дека нема да патува за Њујорк, и се заблагодари на поддршката која ја добиваше од фановите.

„За жал, нема да можам да патувам во Њујорк на време за САД опен. Им благодарам на сите фанови за пораките со љубов и поддршка. Многу среќа на сите тенисери. Ќе останам во добра форма и позитивен дух и ќе чекам шанса да се натпреварувам повторно. Ќе се видиме наскоро, тениски свету“, напиша Ѓоковиќ на Твитер.

Ѓоковиќ, кој трипати триумфираше во Њујорк (2011, 2015, 2018), бидејќи лани загуби во финалето од Данил Медведев, ќе загуби 1.200 АТП поени за пропуштето на турнирот и потенцијално ќе испадне од топ 10.

Scroll to Top