Белгиецот Тим Веленс имаше совршен напад за да ја освои четвртата етапа на Џиро Д’Италија, при враќањето на трката во Италија, стигнувајќи прв до ридското градче Калтаџироне на Сицилија пред Канаѓанецот Мајкл Вудс и Италијанецот Енрико Батаљин.
По 202 километри од Катанија, Веленс (Лото-Фикс Ол) стигна до својата импресивна петта победа оваа сезона доминирајќи на искачувањето со 18 проценти, додека Австралиецот Роан Денис (БМЦ) ја задржа розевата маичка по првиот од трите тешки дена на Сицилија.
Денис има предност од една секунда пред холандскиот актуелен шампион Том Думулин (Санвеб), додека Веленс сега е четврт во генерален пласман, 19 секунди зад Денис, и две секунди зад третопласираниот Британец, Сајмон Јејтс (Мичелтон-Скот). Британецот Крис Фрум, кој се обидува да стане актуелен шампион на трите големи трки (Тур де Франс, Вуелта Еспања и Џиро Д’Италија) загуби 21 секунди од своите ривали и сега е 54 секунди зад Думулин.
Фото: ЕПА
Sensational win for Tim Wellens in Caltagirone! | Vittoria bellissima per Tim Wellens a Caltagirone!#Giro101 pic.twitter.com/idneBoETkc
— Giro d'Italia (@giroditalia) May 8, 2018