Top Sport

Велеслаломот во Аделбоден за Крањец

Словенецот Жан Крањец победи на трката во велеслалом која попладнево се возеше во Аделбоден.

До втората победа во оваа дисциплина и воопшто во кариерата, Словенецот дојде со вкупно време од 2:27.90 минути.

Второто место му припадна на Хрватот Филип Зубчиќ кој имаше послаб резултат за 29 стотинки. Второто место во Аделбоден е најголемио усшех во кариерата на Зубчиќ.

Третото место им припадна на Норвежанецот Хенрик Кристоферсон и Французинот Виктор Муфа-Жанде.

Со иваа победа Крањец го презеде првото место во поредокот за велеслалом со 270 поени, втор е Кристоферсон со 253. Инаку Норвежанецот е лидер во вкупниот пласман со 531 поен.

Утре во Аделбоден на програмата е слалом во машка конкуренција.

Scroll to Top