Венус Вилијамс ја доби пресметката со Викторија Азаренка на АСБ Класик турнирот во Оукленд, Нов Зеланд, победувајќи во три сета со 6:3/1:6/6:3 во најголемиот меч од првото коло во историјата на турнирот.
Во дуел на две тенисерки кои заедно имаат 9 гренд слем титули, секој поен беше важен и во 2 часа и 10 минути игра, за на крај повеќе сила и нерви да има 38-годишната Американка. Во одлучувачкиот сет имаше по два брејка за двете тенисерки во првите шест гема, пред Вилијамс да се одвои за 6:3.
„Ја сакам мојата работа и тоа што ми е цел, но ова беше едно од најтешките први кола во мојата кариера. Целта беше да се помине првото коло, но потребни се вакви мечеви пред Австралија опен“, вели Вилијамс.
Актуелната шампионка Јулија Гергес со 6:0/6:4 ја победи Швеѓанката Јохана Ларсон, додека петтата носителка, Барбора Стрицова по маратонски три сета со 6:2/6:7(5)/6:3 ја победи Американката Тејлор Таунзенд. Прва носителка на турнирот е Каролине Вознијацки.
This is some vintage @venuseswilliams !
Gorgeous!@asb_classic pic.twitter.com/zfl4b8sTNN
— WTA (@WTA) January 1, 2019