Top Sport

Венус ќе има шанса за одмазда против Мугуруза

Венус Вилијамс ќе има шанса да се одмазди за поразот во финалето на Вимблдон од шпанската тенисерка Гарбиње Мугуруза, откако двете беа извлечени во истата група на ВТА финалето во Сингапур, елитниот турнир за осумте најдобри тенисерки на светот.

Светската тенисерка број 2, Мугуруза ја победи 37-годишната ветеранка со 7:5/6:0 за својата втора гренд слем титула во Лондон во јули, а сега двете се во истата „бела“ група, заедно со Чехинката Каролина Плишкова и младата шампионка од Ролан Гарос, Летонката Јелена Остапенко.

Групата со моќни агресивни тенисерки со голем сервис ќе започне со игра во недела, кога Плишкова ќе игра со Вилијамс, пред Мугуруза да игра со Остапенко.

„Можеби треба да се потсетам на 2008 кога ја освоив титулата за да играм добро тука. Има неверојатни тенисерки, ова е најтешкиот турнир на календарот“, изјави Вилијамс по ждрепката.

Светската тенисерка број 1, Симона Халеп ја предводи „црвената“ група заедно со Украинката Елина Свитолина, Данката Каролине Вознијацки и Французинката Каролине Гарсија. Нивните мечеви почнуваат во понеделник. Халеп по вторпат во три недели ќе се сретне со Гарсија, откако Французинката ја победи во финалето на Кинескиот опен, еден ден откако Романката стана светска тенисерка број 1.

ЦРВЕНА ГРУПА

(1) Симона Халеп (Ром)

(4) Елина Свитолина (Укр)

(6) Каролине Вознијацки (Дан)

(8) Каролине Гарсија (Фра)

БЕЛА ГРУПА

(2) Гарбиње Мугуруза (Шпа)

(3) Каролина Плишкова (Чеш)

(5) Венус Вилијамс (САД)

(7) Јелена Остапенко (Лет)

Scroll to Top