Седумкратната гренд слем шампионка, Венус Вилијамс нема да се соочи со кривично обвинение откако предизвика сообраќајна несреќа во која загина еден човек.
78-годишниот Џером Барсон беше критично повреден при судирот во Флорида на 9 јули, а неговата сопруга, 68-годишната Линда Барсон, која беше зад воланот, доби скршени коски при судирот со теренското возило на Вилијамс. Полицијата на Палм Бич Гарденс утврди дека нема вина кај двајцата возачи.
Адвокатите на Вилијамс тврдеа дека човекот кој загина во сообраќајката не носел заштитен појас, иако полицијата прво објави дека 37-годишната ветеранка е одговорна за судирот. Подоцна, полицијата објави дека видео-снимките покажуваат дека Вилијамс не направила грешка на раскрсницата.
Семејството на Барсон објави дека ќе води цивилна парница против Вилијамс.