Top Sport

Венус Вилијамс го заврши настапот на Ролан Гарос

Венус Вилијамс го заврши својот настап на Ролан Гарос уште во првото коло. 37-годишната Американка неочекувано е поразена од Кинеската Кианг Ванг со 4:6, 5:7.

Ванг која го забележа најголемиот успех во кариерата, во наредната рунда ќе игра против Петра Мартиќ. Хрватката, во првото коло, ја победи Јафан Ванг 6:2, 6:3.

Инаку, првата рунда на Ролан Гарос ја минаа ште и Елена Свитолина која во два сета ја победи Аља Томјановиќ, односно Слуон Стивенс, Алис Корне, Екатарина Макарова, Џенифер Боруди, Барбара Стрицова и Анет Контавејт.

Scroll to Top