Top Sport

Салах ќе биде подготвен за СП

Мохамед Салах ќе биде подготвен за настап на Светското првенство во Русија. Салах поради повреда уште во првото полувреме го заврши синоќешното финале во Лигата на шампионите, кое заврши со победа на Реал над Ливерпул 3:1.

Најдобриот играч на Ливерпул и во Премиер лигата оваа сезона, по еден дуел со Серхио Рамос се здоби со повреда на рамото, поради што во 30.минута го напушти теренот.

Првичните информации на англиските медиуми беа дека повредата е сериозна и дека Салах ќе го пропушти Мундијалот во Русија.

„Ова беше тешка ноќ за мене, но јас сум борец. И покрај сите прогнози убеден сум дека ќе играм во Русија и дека ќе ве направам горди. Љубовта и поддршката ми ја дава силата“, им порачал Салах на навивачите.

Според прогнозите, Салах на соиграчите од репрезентацијата треба да им се приклучи на подготвките во Италија, меѓутоа веројатно ќе го пропути првиот меч против Уругвај на 15.јуни.

Напаѓачот треба да биде целосно подговрн за натпреварот против Русија на 19.јуни.

Scroll to Top