Top Sport

Вердаско се закани дека ќе ги тужи Ролан Гарос

Шпанскиот тениски ветеран Фернандо Вердаско вели дека е „нечуен“  потегот на организаторите на Ролан Гарос да не му дозволат настап по позитивниот тест на корона вирусот.

36-годишниот Вердаско тврди дека имал негативен тест неколку пати пред да пристигне во Париз, а бил уште еднаш негативен по позитивниот тест во француската престолнина, и најави тужба против организаторите поради „лична и професионална штета“ која ја добил со откажувањето.

„Дали сакам да ги тужам Ролан Гарос? Да, секако! Никој не можеше да поверува дека турнир како Ролан Гарос може да направи такво нешто. Не се работи за пари, туку за штета која е нанесена лично мене и на мојата репутација. Не знам дали ќе играм до крајот на сезоната, бидејќи изгубив волја. Играм на Ролан Гарос 16 години и тие се однесуваат така со мене. Правата на тенисерите не вредат ништо“, вели Вердаско за „Кадена СЕР“.

Scroll to Top