Top Sport

Ројс: Санчо останува во Дортмунд уште една сезона

И покрај тоа што се верува дека Манчестер јунајтед ќе направат уште еден обид до крајот на преодниот рок на 6 октомври да го донесат Џејдон Санчо, тој ќе остане уште една сезона во Борусија Дортмунд, вели неговиот соиграч Марко Ројс.

„Ѓаволите“ прво пропуштија шанса да го добијат 20-годишниот Санчо до крајниот рок кој го постави Дортмунд на 10 август, но продолжуваат да преговараат до крајот на преодниот рок. Капитенот на Дортмунд вели дека ситуацијата е јасна.

„За нас фудбалерите, неговото останување беше голема вест. Среќни сме што ќе биде со нас уште една година, бидејќи тој секогаш дава голови и асистенции и помага да стигнеме до победи. Знам дека сите сакаат да велат дека тој е следниот Роналдо или Меси, но ќе видиме што ќе се случи. Потребно му е време, искуство и како ќе се однесува сега откако веќе стана ѕвезда. Сигурно не му недостасува самодоверба и квалитет“, вели Ројс.

Scroll to Top