Стипе Миочиќ во текот на викендот ја одбрани УФЦ титулата во тешка категорија против Френсис Нгану, но веќе му најдоа нов противник, кого и претходно го имаше победено – Бразилецот Фабрисио Вердум.
Вердум, кого Миочиќ го совлада пред неговата домашна публика во Бразил, вели дека е „гладен за одмазда“ и сигурен дека повторно ќе биде шампион.
„Јас сум единствениот кој заслужува нова шанса. Сигурен сум дека повторно ќе бидам шампион оваа година. Јас го почитувам Миочиќ, бидејќи тој не е човек кој зборува лошо за другите, но во првиот меч самиот се победив себеси“, изјави Вердум.
Бразилецот последниот меч го имаше во Австралија минатата година, кога лесно го победи Полјакот Марсин Тибура.