Top Sport

Ветеранот Карловиќ е најстариот АТП финалист од 1977 година!

Хрватот Иво Карловиќ стана најстариот тенисер кој се пласирал во едно АТП финале од 1977 година, откако со 7:6(3)/4:6/6:3 го победи Белгиецот Стив Дарси во полуфиналето на турнирот во Пуне, Индија.

39-годишниот Карловиќ во финалето ќе игра со одличниот Јужноафриканец Кевин Андерсон, кој со 6:3/7:6(3) го победи Французинот Жил Симон.

Со овој успех, Хрватот е најстариот финалист по Кен Розвел во 1977 година, кој на 42 години го играше финалето на Сиднеј опен, тогаш на хардкорт подлога.

Scroll to Top