Top Sport

„Тоа беше несреќен случај“ – Новак Ѓоковиќ проговори и откри како се чувствува по инцидентот со шишето

Новак Ѓоковиќ се огласи по непријатноста што ја доживеа кога го напушташе теренот во Рим, и потпишувајќи автограми случајно беше удрен со шише во главата.

Тенисерот им се заблагодари на сите за пораките за поддршка и истакна дека е добро.

„Ви благодарам за вашите пораки. Ова беше несреќен случај и јас сум добро, одмарам во хотел со ледена облога. Се гледаме во недела – напиша Ѓоковиќ на социјалната мрежа „Икс“.

Најважно е дека Новак е добро и подготвен да продолжи да се натпреварува во Рим. Србинот во второто коло го совлада Французинот Корантен Муте.

Тој во недела ќе игра против Чилеанецот Алехандро Табил.

Scroll to Top