Top Sport

(Видео) Денвер победи кај Минесота, Индијана славаше над Њујорк

Кошаркарите на Денвер Нагетс ја совладаа Минесота Тимбервулвс со 117:90 и намалија на 2-1 во полуфиналето на Западната конференција.

Нагетс одговорија шампионски по шлаканиците што го добија во првите два натпревари пред своите навивачи во Минеаполис максимално се вратија во серијата.

Јокиќ го заврши натпреварот со 24 поени, 14 скока, девет асистенции, три украдени топки и три блокади.

Џамал Мареј беше одличен со 24 поени и пет асистенции, Мајкл Портер постигна 21, Арон Гордон 13, од кои три тројки на стартот на третиот период, а Кентавијус Колдвел-Поуп 12 поени.

Во поразениот тим Едвардс постигна 19 поени, Таунс 14, а Конли и МекДаниелс по 10 поени.

Следниот натпревар се игра ноќта меѓу недела и понеделник од 02.00 часот.

Кошаркарите на Индијана Пејсерс ги совладаа Њујорк Никс со 111:106, во третиот натпревар од четвртфиналето на НБА плеј-офот.

Пејсерси го намалија резултатот во серијата на 2:1 на домашен терен, Њујорк претходно победи во двата меча на домашен терен.

Тајрис Халибартон го предводеше домашниот тим до победата со 35 поени со четири скока и седум асистенции, а го следеше Паскал Сијакам со 26 поени и седум скока.

Двоцифрен беше и Мајлс Тарнер кој успеа да оствари дабл-дабл учинок, односно 21 поен со 10 скока.

Кај Никс се истакна Донте Дивиченцо со 35 поени со три скока и две асистенции, а го следеше Џејлен Бренсон со 26 поени и шест асистенции.

Следниот дуел е закажан за в недела од 21 часот и 30 минути.

Scroll to Top