Големиот настан на УФЦ 320 се одржа „Т-Мобиле Арената“ во Лас Вегас. Во главната борба на вечерта, Бразилецот Алекс Поатан Переира го врати шампионскиот појас во полутешка категорија на спектакуларен начин.
На Переира му беа потребни само 80 секунди за да го реши мечот со Магомед Анкалаев, човекот кој му го одзеде појасот во март.
По малку повеќе од една минута од борбата, Переира фрли десен „оверхенд“, кој го погоди дагестанскиот борец веднаш над увото и најави што ќе се случи понатаму.
Анкалаев падна на подот, а Переира го принуди судијата да го прогласи крајот на борбата со серија брутални удари и лакти.
Во моментот кога судијата Херб Дин го прекина натпреварот, Поатан Переира стана и весело покажа кон рускиот борец кој лежеше на подот.
Анкалаев, како и луѓето од неговиот агол, го разбраа овој гест како израз на непочитување.
Рускиот борец стана и се упати кон Переира, но обезбедувањето брзо спречи можна ескалација на конфликтот.
Переира малку подоцна стигна до Анкалаев и се чини дека тој му се извини.
IT'S REVENGE FOR POATAN 🗿 🏆 #UFC320 @AlexPereiraUFC WITH THE RD 1 KNOCKOUT! pic.twitter.com/RIK4zxVNVV
— UFC Europe (@UFCEurope) October 5, 2025