Еден од најдобрите боксери на денешнината, Олександар Усик, објави дека се откажува од сите шампионски појаси во тешка категорија.
Зошто? За да им овозможи на другите борци да се борат за титули.
Непоразениот 39-годишен Украинец беше сопственик на појасите во верзиите на WBC, WBA, IBF, IBO и списанието The Ring, а одлуката ја објави преку видео порака на социјалните мрежи.
„Драги пријатели, денес е одличен ден да ви кажам дека сакам да ги оставам сите појаси што моментално ги поседувам, за да можат момците што чекаат своја шанса да се борат за нив“, рече Усик.
Сепак, легендарниот шампион нагласи дека ова не значи крај на неговата кариера.
„Ги оставам појасите, но не го напуштам боксот. Се уште ме очекува последниот танц.“
Це свідоме рішення, яке, я впевнений, відкриє для мене нові можливості. Це не кінець історії. Продовження попереду.
____
This is a well-considered decision that I am confident will open new opportunities for me. This is not the end of the story. The continuation lies ahead. pic.twitter.com/tPRRWMsmbh
— Oleksandr Usyk (@usykaa) June 26, 2026
Усик им се заблагодари на сите боксерски организации со кои соработувал во текот на неговата кариера.
„Ги почитувам сите организации. Ви благодарам на сите за вашата поддршка. Најдоброто допрва доаѓа. Фала му на Бога за сè“, рече тој.
Со тоа, Усик ќе остане без статус на апсолутен светски шампион во наредниот период, но пред неговото дефинитивно пензионирање, ќе одработи уште еден, проштален меч.
Foto/ Depositphotos
