Top Sport

(Видео) Аутсајдерот Баис со победа на првата Џиро етапа на снежните Апенини

Со снег покрај патот, италијанскиот аутсајдер Давиде Баис стигна до соло победа на седмата етапа на Џиро Д’Италија, откако главните кандидати за победа решија да бидат многу внимателни при искачувањето на највисокиот врв на Апенините.

Норвежанцот Андреас Лекнесунд останув лидер во генерален пласман пред Ремко Евенепел и Орелиен Паре-Пеинтр по етапата која заврши на надморска височина од 2.100 метри по 218 километри од Капуа до Гран Сасо Д’Италија.

25-годишниот Баис успеа да избега рано во етапата, за да победи со девет секунди пред чешкиот велосипедист Карел Вачек и уште еден Италијанец, Симоне Петили.

Scroll to Top