Top Sport

(Видео) Бајлс остана без медал, злато за Италијанката Дамато

Италијанската гимнастичарка Алис Дамато го освои златниот медал на греда на Олимписките игри во Париз.

Во силна конкуренција, Дамато ја искористи несигурноста на противничките и победи со 14.366 поени. Тоа е нејзин втор медал во Париз, по среброто во екипна конкуренција.

Сребрениот медал го освои Јацин Жу од Кина со 14.100, а бронзата Италијанката Манила Еспосито со 14.000 поени.

Фаворит за златото беше Американката Симоне Бајлс, но таа падна од гредата и го зазеде петтото место со 13.100 поени, зад Бразилката Ребека Андрада, која имаше 13.933 поени.

Бајлс досега во Париз има освоено три злата (екипно, повеќебој и прескок).

Scroll to Top