Австралиските медиуми пренесуваат вознемирувачки снимки од физички напад врз тенисерот Бернард Томиќ.
На видеото од 16 секунди се гледаат двајца мажи како стојат над Томиќ додека го клоцаат и газат.
Идентитетот на двајцата мажи кои го нападнаа поранешниот светски број 17 останува непознат, како и идентитетот на поединецот кој го сними нападот.
„Канал 10“, објави дека видеото е снимено пред салон за тетовирање на Голд Коуст, додека деталите за тоа кога се случил нападот остануваат нејасни.
Еден човек во текот на видеото непрекинато му вика на Томиќ „стани куче“.
Томиќ во четвртокот беше поразен во осминафиналето на Челинџерот во Истанбул.
30. годишниот тенисер по падот на 825. место на АТП листата во последните 18 месеци напредуваше на 292. позиција.
И покрај неговиот подем, тоа не беше доволно за да добие покана за Австралија опен на почетокот на наредната година.
#Exclusive: Vision has emerged that appears to show tennis player Bernard Tomic being attacked outside a Gold Coast tattoo parlour. pic.twitter.com/W3VcE3Vv5t
— 10 News First Sydney (@10NewsFirstSyd) September 8, 2023