Top Sport

(ВИДЕО) Демонстранти го прекинаа мечот на Мареј на 15 минути

Мечот меѓу Енди Мареј и Тејлор Фриц на турнирот во Вашингтон беше во прекин околу 15 минути. Прекинот го предизвикаа демонстрантите, кои привлекуваат внимание на вечниот проблем со климатските промени.

Демонстрантите фрлаа големи топки, дизајнирани во „огнени“ бои.

Слично беше и на Вимблдон, кога активисти, кои се обидуваат да ја подигнат свеста на луѓето за опасностите од нафтата, го прекинаа дуелот меѓу Григор Димитров и Шо Шимабукуру.

Инаку, Фриц по пресврт го совлада Марио (6:7, 6:3, 6:4), а потоа беше подобар од Џордан Томпсон со 6:3, 6:3.

Scroll to Top