Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е поразен во второто коло на Мастерсот во Синсинати од Французинот Гаел Монфис со 4:6, 7:6, 6:4.
Шпанецот веќе во второто коло го заврши учеството на Мастерсот во Синсинати, каде лани беше поразен во финалето од Новак Ѓоковиќ во епски меч во три сета.
Мечот Алкараз-Монфис започна во четвртокот, Шпанецот го доби порвиот сет, а беше прекинат поради силниот дожд во тај-брејот во вториот сет, при водство на ветеранот 3:1.
Откако мечот продолжи Монфис лесно го доби тај брејкот и изедначи на 1:1, а потоа издминира во решавачкиот сет, особено во своите серви гемови. За победа му беше доволен брејкот во четвртиот гем.
Алкараз од друга страна беше далеку од своето ниво, се нервираше Шпанецот, во еден момент бесот го искали врз рекетот но не успеа да го смени текот на мечот.
"He desperately wants to win this match" 👀#CincyTennis pic.twitter.com/QkiDhvNHtw
— Tennis TV (@TennisTV) August 16, 2024