Top Sport

(Видео) Еден од најголемите боксери на 21 век замина во пензија

Еден од најголемите боксери на својата генерација, непоразениот светски шампион Теренс Крофорд, објави крај на импресивна кариера.

Одлуката доаѓа по три месеци откако ги обедини титулите во супер средна категорија со победата против Канело Алварез.

38-годишникот од Небраска, кој ја победи мексиканската легенда со доминантен настап во Лас Вегас во септември, ја сподели својата одлука со јавноста преку видео на социјалните мрежи.

„Се повлекувам од натпреварувањето, не затоа што завршив со борбата, туку затоа што добив поинаков вид битка“, рече Крофорд и дополни:, „Тааа каде што си заминуваш по свои услови“.

Крофорд (42-0, 31 нокаут) се повлекува како актуелен шампион во супер средна категорија на ВБА, ИБФ и ВБО. Професионалната кариера на Крофорд траеше три децении.

Тој дебитираше во 2008 година и брзо се етаблираше како еден од највозбудливите таленти во боксот.

Ја освои својата прва светска титула, круната во лесна категорија на ВБО, во 2014 година, победувајќи го Шкотланѓанецот Рики Барнс.

Вкупно, тој освои 18 светски титули во пет тежински категории, а врвот го достигна со триумф над Алварез.

Се пензионира со неверојатно достигнување, никогаш во текот на своите борби, не бил во нокдаун.

Сите 42 негови победи беа со едногласна одлука или прекин, и интересно е што ниту еден судија никогаш не бодувал резултат во корист на неговиот противник во текот на целата кариера на Крофорд.

Foto/ freerangestock

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');