Унгарскиот тенисер, Мартон Фучович ги загуби нервите на мечот со Аргентинецот Себастијан Баез на турнирот во Лион, кога во првиот меѓусебен меч беше иритиран од однесувањето на својот противник и постојаните извици. На крајот, 22-годишниот Баез победи со 6:4/7:6(5) по два часа и 4 минути игра.
Откако Аргентинецот направи брејк за 6:4/3:2 воство, 31-годишниот Унгарец беше лут што Баез се охрабруваше на секое негово промашување.
„Колку години имаш? 12? Се однесуваш како 12-годишник. Овие е.ани дваесетгодишни момци. Не единствениот. Играат толку нефер. ‘Вамос’ по секој поен кој ќе го утнам. Врескање како кучка“, коментираше Фучович.
По интервенцијата на судијата на столче за јазикот кој го користи, Унгарецот продолжи.
„Беше исто и минатата недела, не знам против Нори. Знам дека им е дозвволено да го прават тоа. Но, ова е премногу“, објаснуваше Фучович.
Тенисерот посочи на случајот со Новак Ѓоковиќ и Британецот Камерон Нори, во меч во кој Србинот беше разочаран од однесувањето на својот ривал.
Fucsovics claims Baez was ‘screaming like a bitch’ in his errors. Sebita ended up winning. pic.twitter.com/1S6tyfiUN6
— José Morgado (@josemorgado) May 23, 2023