Јаник Синер успеа да го совлада Новак Ѓоковиќ со 7:5, 6:7(5), 7:6(2), но за време на мечот беа видени неколку сцени кои за некои беа урнебесни.
Ѓоковиќ „војуваше“ со публиката, па имаше оригинален и ироничен начин да одговори на свирежите. Очекувано публиката беше на страната на домашниот играч, но Новак имаше подготвен одговор.
Conducting the crowd @DjokerNole #NittoATPFinals pic.twitter.com/NavA7DXFyk
— Tennis TV (@TennisTV) November 14, 2023
Кога почнаа да му свиркаат, тој иронично диригираше со тој оркестар што се формираше од никаде.
Свирежите не го изнервираа, што се виде од неговата реакција.
„Очекував публиката да биде на негова страна, тоа е нормално, тој е единствениот Италијанец на турнирот, тој игра во својата земја, тој е во одлична форма. Нормално е што навиваа за него“, изјави Новак по мечот.
Текстот (Видео) Ѓоковиќ ја насмеа планетата: публиката мислеше дека ќе го испровоцира, но тој возврати со ироничен гест на клупата е превземен од МАКФАКС.