Новак Ѓоковиќ го победи Русинот Андреј Рубљов во четири сета во четврт-финалето на Вимблдон, за да дојде на две победи од својата 24. гренд слем титула и во исто време го израмни рекордот на Роџер Федерер од 46 гренд слем полуфиналиња.
„Бројките… Тоа се само бројки на крајот, посебно во тек на турнир и не сакам да размислувам за статистика и за остварувања. Ова е уште активен турнир за мене и размислувам само на тенис и на следниот меч. Знам дека сега ќе биде потешко и се надевам дека ќе имам иста енергија како денеска и во следниот меч“, изјави Ѓоковиќ.
Одговарајќи на прашање како се справува со притисокот, Србинот беше јасен.
То е привилегија. Притисокот е дел од нашата работа и тоа нема да си замине без разлика на тоа колку пати ќе победиш, колку титули ќе освоиш. Тој секогаш е тука, посебно на ‘Централниот терен’, каде што сум инспириран да го играм мојот најдобар тенис. Знам дека го сакаат мојот скалп, но тоа не се случува. Барем засега“, изјави Ѓоковиќ, предизвикувајќи аплаузи од навивачите, по што додаде: „Многу скромно“.
"It ain't happening" 😤@DjokerNole is relishing the pressure#Wimbledon pic.twitter.com/e4ky8L9FS5
— Wimbledon (@Wimbledon) July 11, 2023