Хрватскиот атлетичар Дино Бошњак, на Европското екипно атлетско првенство во Полска, направи фер-плеј потег, кој ќе ја обележи годината.
Словенечкиот репрезентативец Вид Ботолин за малку ќе се онесвестеше на крајот на трката на 5000 метри. Ботолин се сопна, падна и стана за да ја заврши исцрпувачката трка.
Наместо да ја мине целта, Бошњак застана и му помогна на Ботолин. На видеото се гледа како Бошњак го држи Ботолин и буквално го внесе преку целта. Бошњак ја освои претпоследната позиција, додека Ботолин беше дисквалификуван. Хрватот заврши последен бидејќи му помогна на друг спортист.
Бошњак е член на Атлетскиот клуб од Горица и повеќекратен шампион на Хрватска и на Балканот.
Competitors, but in the end we're humans!
Beautiful display of sportsmanship between Dino Bošnjak 🇭🇷 and Vid Botolin 🇸🇮 at the European Team Championships.pic.twitter.com/fw209sEVyk
— Oluwadare (@Track_Gazette) June 22, 2023