Top Sport

(Видео) Јутјубер го победи Нејт Дијаз

Јутјуб ѕвездата, Џејк Пол, го победи Нејт Дијаз во нивниот долго очекуваниот бокс меч што се одржа во Далас.

Пол славеше со едногласна одлука на судиите, борбата траеше 10 рунди, а во петтата јутјуберот го испрати Дијаз на подот.

Ова беше прва борба за Дијаз по заминувањето од УФЦ и во оваа борба пред публиката во Тексас се покажа како тежок противник.

Публиката му беше наклонета, но не можеше да го одведе до победа.

Судискиот записник изгледаше вака: 97:92, 98:91, 98:91.

Моменталниот рекорд на Пол е 7:1, а вниманието сега е свртено кон неговите следни борби.

Инаку, Пол на Дијаз му понуди 10 милиони долари за да се бори според правилата на ММА, тој има големи шанси да се бори и против Томи Фјури, братот на славниот Тајсон Фјури.

Scroll to Top