Top Sport

(Видео) Кирјос во солзи го заврши настапот во Индијан Велс

Враќањето на Ник Кирјос на теренот во Индијан Велс беше краткотрајно и заврши во солзи. Австралискиот тенисер мораше да му го предаде мечот на Ботик ван де Зандшулп откако го загуби првиот сет со 6:7, а во вториот Холанѓанецот водеше со 3:0.

Кирјос мораше да го предаде мечот поради повреда на зглобот на десната рака. Со оваа повреда Австралиецот долго време се мачи и како што стојат работите поради хроничната болка ќе ја заврши кариерата.

Кирјиос, кого поради однесување на терените го нарекуваат „лошо момче“ на тенисот, го оперираше зглобот во септември 2023 година. Пред да му се врати на тенисот на почетокот на годината во Бризбејн, тој во последните две години одигра само еден меч.

Кога го предаде мечот Кирјос седна на клупата и почна да плаче.

„Проблемот не е во поразот. Мислам дека се работи за трудот што го вложив, а сè уште чувствувам непријатност во зглобот. Веројатно затоа и станав емотивен на крајот. Ова е еден од моите омилени турнири”, изјави Кирјиос.

Надобриот пласман на Кирјос на АТП листата беше 13. место, во моментов се наоѓа на 1.099. позиција.

Scroll to Top