Top Sport

(Видео) Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Литванецот Миколас Алекна го собори светскиот рекорд стар 38 години.

Во фрлање диск го подобри рекордот на Германецот Јирген Шулц во 1986 година, кој во Нојбранденбург фрли 74,08 метри.

По 38 години, на митингот во САД, Алекна го фрли дискот 74,35 метри.

Литванецот во САД, во сите пест серии ја префрли границата од 70 метри.

По овој резултат Литванецот спаѓа во најтесната конкуренција за освојување златен медал на Олимписките игри во Париз.

Алекна, европски шампион од Минхен и сопственик на сребрениот медал на СП 2022 во Јуџин (САД), лани во Будимпешта стигна до светската бронза.

Scroll to Top