Top Sport

(Видео) Лудница на Ју-ес опен, Медведев дивееше загуби добиен меч

Рускиот тенисер Данил Медведев дожевае елиминација во првото коло за третиот Гренд слем по ред.

Во спектакуларен натпревар, кој траеше речиси четири часа, Медведев загуби од Французинот Бенџамин Бонзи со резултат 3-2, на стартот на Ју-ес опен.

Бонзи победи со 6:3, 7:5, 6:7 (5), 0:6, 6:4 и во следната рунда ќе игра против Американецот Маркос Жирон.

Медведев избегна елиминација во три сета, успеа да спаси меч топка во третиот сет на нестварен начин.

Прво, фотограф влезе на теренот, по што Медведев полуде и влезе во расправија со судијата, кој му даде на Бонзи нов прв сервис. Прекинот траеше пет минути, доволно за моментумот да се сврти, а Медведев направи брејк.

„Што рече Рајли Опелка? Судијата заработува пари по натпревар, а не по час. Судијата сака да си оди дома“, што предизвика лавина од реакции на трибините.

Преку тај-брејк, тој го обезбеди четвртиот сет, а потоа во четвртиот го декласира противникот, го доби сетот со нула.

Тој имаше сè во свои раце и во решавачкиот сет, дупли брејк, можеше да стигне до третиот, но во маратонскиот седми гем Бонзи спаси пет шанси за брејк.

Казната за Медведев дојде во 10-от гем, во кој Бонзи ја искористи меч-топката за пласман во следната рунда.

На крајот, Данил, во очај, почна да го крши рекетот, а однесувањето и гестикулациите, за кои долго ќе се зборува ги имаше и за време на самиот дуел.

Scroll to Top